Андон Дончевски

Жива легенда на македонскиот фудбал. Единствениот меѓу многубројните вардарови легенди, кој учествувал како играч и тренер, во освојувањето на двата најдрагоцени трофеи, во богатата историја на ФК Вардар, е токму Дончевски Андон.

Популарниот чичко Дончо, најпрвин во 1961 година беше стартер на финалниот натпревар, каде Вардарци со победата над Вартекс, во своите витрини го донесоа маршаловиот трофеј во националниот куп. Потоа, Дончевски како кормилар на стручниот штаб во сезоната 1986/87, ја предводеше „златната“ вардарова генерација до круснисувањето во државни прваци, преку освојувањето на шампионската титула во југословенската прва сојузна лига.

Чичко Дончо е роден на 19 ноември во далечната 1935 година, и во дресот на Вардар настапува со успех цели 12 сезони, од 1953 до 1965 година. За најтрофејниот фудбалски клуб од територијата на Македонија, има одиграно вкупно 335 натпревари и настапено на 187 првенствени средби. Со своите 217 погодоци во дресот на Вардар, Дончевски се наоѓа чело на табелата на вечната листа на стрелци, како најдобар голгетер во историјата на клубот.

среда, 14 октомври 2015