Александар Васоски

Актуелниот помошник тренер во вардаровиот стручен штаб, Александар Васоски е роден на 21 ноември 1979 година во Скопје.

Популарниот Тетовче, како млад и надежен играч во одбранбените редови, дебитира за тимот на Вардар во 2001 година.

Во наредните две сезони, Васоски како еден од стандардните играчи во „црвено-црниот“ дефанзивен бедем, учествуваше во освојувањето на четвртата, односна петтата шампионска титула во клупската историја, на македонската прволигашка сцена.

Поранешниот репрезентативец на Македонија, за тимот на Вардар има одиграно 89 првенствени средби, на кои дури и како дефанзивец десет пати ги тресел противничките мрежи. Во европските купови, Васоски има настапено на 14 дуели, бранејќи ја честа на осумкратниот македонски првак, во меѓународни рамки.

четврток, 15 октомври 2015