„Златната“ вардарова генерација ја освои шампионската титула

Иако Вардар децении наназад беше единствениот македонски клуб, кој со успех се натпреваруваше во првата југословенска лига, долгогидшниот сон на герациите вардарови симпатизери, беше конечно остварен во 1987 година. Откако најголемите конкуренти стартуваа со шест одземени бодови, поради наместени натпревари во претходниот шампионат, нашиот клуб ја искористи историската шанса да го освои првото место, на конечната првенствена табела.

Тимот предводен од Андон Дончевски, во сезоната 1986/87 успеа да освои 38 бодови, благодарение на 15 извојувани победи и осумте нерешени средби, од вкупно одиграните 34 првенствени натпревари. Иако подоцна, по судски пат титулата му беше доделена на белградски Партизан, Вардар беше признаен како државен првак од страна на Фудбалскиот сојуз на Југославија и УЕФА.

Како најголемо признание за постигнатиот успех, нашиот клуб доби прилика да се натпреварува во Купот на Европските Шампиони. Без многу среќа при жрепката, Вардар во првото коло на два пати загуби од тогашниот континентален првак Порто, со идентични 3-0.

вторник, 13 октомври 2015