Вардар во последното коло со убедлива победа ја одбрани титулата

Успехот постигнат една година претходно, беше повторен и во сезоната 2012/13 – Вардар стигна до седмата македонска крума. Тимот на Вардар, со низа промени во играчкиот состав, но со задржан костур на тимот, вторпат се радуваше на шампионскиот трофеј.

За разлика од годината претходно, овојпат Вардар мораше да чека до последното коло за да се круниса, а тоа по цела една деценија се случи на свој терен, на веќе реновираниот Градски стадион – Националната Арена „Филип Втори“.

Нашиот тим во клучниот меч одигра најдобро, откако во текот на сезоната имаше низа турбуленции и резултатски кризи, против Хоризонт Турново славеше со 5-0 и го освоија првото место, па на крај со 68 бода и скор од 20 победи, осум нерешени и пет порази го одбранија тронот.

Ако во годината претходно, Филип Ивановски беше човекот кој го предводеше тимот, сега број еден беше нашиот центарфор Јован Костовски, кој со 22 погодоци се круниса и за најдобар голгетер во првенството.

Во оваа година, Вардар стигна и до првиот свој Суперкуп на Македонија.

 

среда, 14 октомври 2015