Вардар ја освои јубилејната десетта титула во својата историја

Тимот на Вардар во сезоната 2015/16 ја освои јубилената, 10. титула во клупската историја и по деветти пат се искачи на шампионскиот трон во македонското фудбалско првенство.

Со севкупен учинок од 25 победи, пет нерешени исходи и само два порази, „црвено-црните“ го завршија шампионатот со 80 освоени бода и поставија нов рекорд во најсилната домашна конкуренција.

Исто така, вреди да се напомене дека во текот на сезоната беа надминати и три коти, кои  барем засега, и натаму се недостижни за останатите конкуренти на домашната фудбалска сцена. Горан Попов ја имаше честа да го постигне 3000. гол на првенствените натпревари во историјата на клубот, а потоа и Вардар како тим, прво ја забележа 400. победа во Првата македонска лига, а го прослави и 900. првенствен триумф во своето постоење.

Во есенската полусезона, најтрофејниот фудбалски колектив во нашата земја, по вторпат го освои и драгоцениот трофеј во Суперкупот на Македонија, откако по изведувањето на пеналите беше подобар од градскиот сосед Работнички.

петок, 20 мај 2016