Третпат избега ново финале во Купот

По пауза од речиси една деценија, Вардар повторно дојде на чекор до голем успех, во Купот на Југославија, црвено-црните стигнаа до третото полуфинале, но и вторпат сплитски Хајдук беше пречка за да се обезбеди нова битка за троофејот.

Вардар до полуфиналето мина три рунди без да прими гол. Прво Осиек го победи во шеснаестинафиналето со 1-0, потоа ледно у убедливо во осминафиналето ја мина Слобода Тузла победувајќи ја со 3-0, за во четвртфиналето вардарци да бидат поуспешни од Динамо Загреб со 2-0.

Но, во полуфиналето, Хајдук беше пресилен и убедливо триумфираше со 5-0, во меч на кој Владимир Смолчиќ и Јурица Јерковиќ дадоа по два гола, а Ивица Шуријак еден. Хајдук подоцна во финалето во Белград го победи Борац Бања Лука со 1-0 за да го освои пехарот.

вторник, 13 октомври 2015