По пауза од седум години, титулата се враќа дома

Иако по 22 одиграни кола, Вардар се наоѓаше на третата позиција , по поделбата на екипите во „плеј-оф“ и „плеј аут“ зоните, „црвено-црните“ стартуваа од „пол-позицијата“ во разигрувањето за шампионската круна. На крајот од изедначената со главниот конкурент Беласица, која траеше се до последната „рунда“, Вардар заврши на челната позиција на конечната табела, со 37 освоени бодови, односо еден повеќе во однос на ривалот од Струмица.
Во квалификациите од Лигата на Шампионите, нашиот клуб во првото елиминациско коло беше подобар од првакот на Луксембург, Дуделанж. Откако првиот натпревар одигран на теренот на противникот заврши без победник (1-1), Вардар на возвратните 90 минути славеше убедлива победа од 3-0. Нажалост во наредниот круг од натпреварите, бевме елинимирани од варшавска Легија, која го скрати нашиот со за историски двомеч со големата Барселона, во третата квалификациска рунда.