По осум години пауза трофејот во Купот повторно во вардаровите витрини

Осум години по последниоттриумф во најмасовното домашно натпреварување, фудбалерите на Вардар во сезоната 2006/07, успеаа да го вратат пехарот од Купот на Македонија во своите витрини. По петти пат во клупската историја, го подигнаа трофејот во Купот на Македонија.

Тимот предводен од легендарниот Драги Канатларовски, патот кон финалето го започна со убедлива победа од 6-0 во Прилеп, против екипата на 11 Октомври. Во втората елиминациска рунда, Вардар со вкпуни 5-1 (две победи од 4-1 и 1-0), беше подобар и од скопски Металург.

Следуваше четвртфиналниот двомеч, каде нашиот клуб рутински го мина второлигашиот Цементарница. Патникот во полуфиналето беше познат уште по првиот дуел, на кој што Вардар како домаќин забележа уште една убедлива победа од 4-1, иако на реваншот кој претставуваше чиста формалност, бевме минимално поразени со 0-1.

Полифиналните натпревари, го донесоа на програмата „вечното“ македонско дерби. Нашиот клуб, најпрвин условно кажано на „домашен“ терен во Струмица, го совлада битолски Пелистер со 2-1. Возвратните 90 минути, кои се одиграа на стадионот „Под Тумбе Кафе“, завршија без победник со резултат од 1-1, по што започна големото „црвено-црно“ славје среде Битола, по повод обезбедениот пласман во големото финале.

Во завшрниот натпревар, кој се одигра на 27 мај, на Градскиот стадион во Скопје, Вардар ја совлада прилепска Победа со 2-1. Стрелци на погодоците за нашиот клуб беа Христијан Кировски и Дош Сантош Вандаир, уште во првото полувреме од финалната средба.

вторник, 13 октомври 2015