По девет години Вардар се врати на шампионските патеки

По четирите мачни години без ниту еден освоен трофеј, каде Вардар живееше на работ од сопствената егзистенција, нашиот фудбалски великан по пауза од цели девет сезони повторно се врати на шампионските патеки.

Со ново раководство, Вардар во сезоната 2011/2012 ја освои шестата првенствена титула во македонското првенство. До трофејот, нашиот тим стигна убедливо, амбициите беа најавени уште на полусезоната, а до титилата дојдоа со само еден пораз и тоа во во самиот финиш.

Уште во есенската полусезона шампионските амбиции беа очигледни, Вардар потсети на старите добри времња, без пораз, стоеше на лидерското место и добрите игри продлжија и во пролетниот дел, па на крајот црвено-црните неприкосновено се крунисаа за првакци. Освоија 76 бодови, со импресивен биланс од 22 победи, 10 нерешени средби и само еден пораз.

Признанието за најдобар стрелец, исто така заврши во рацете на нашиот голгетер Филип Ивановски. Напаѓачот на „црвено-црните“, во оваа сезона во 24 пати ги тресеше противничките мрежи, на првенствените средби.

На европската сцена, Вардар како македонски претставник во Лигата на Шампионите, во втората квалификациска рунда ги одмери силите со првакот на Белорусија, БАТЕ. На првиот натпревар во Борисов, нашите фудбалери и покрај минималната негатива по првото полувреме, успеаа да направат целосен пресврт поведувајќи со 2-1. Сепак, на крајот претпревме инфаркт пораз од 3-2, со два примени погодоци во самата завшница.

И покрај силната поддршка од трибините, кои по речиси една деценија повторно се наполнија на националната арена „Филип Втори Македонски“, возвратниот дуел во Скопје, за жал заврши без голови.

среда, 14 октомври 2015