По 24 години Вардар одново во Европа, поминато едно коло во Купот на УЕФА

Најдобриот стрелец на Југославија, една сезона претходно, Дарко Панчев, повторно беше предводник на Вардар, постигна 20 голови во оваа сезона за враќање на меѓународната сцена и заврши како втор најдобар голгетер во првенството.
Во Купот на УЕФА прв противник на Вардар беше Динамо Букурешт од Романија, а по поразот на гостувањето со 2-1, црвено-црните го забележаа и првиот поголем успех, со троиумфот со 1-0 во Скопје на 2 октомври 1985, со гол на Грдан Здравков, црвено-црните ја минаа првата пречка. Следеше потоа дуел со Данди јунајтед и пораз на гости со 0-2 и реми дома 1-1 за елиминација од понатамошните настапи.