Освоен третиот трофеј во Купот на Македонија

На патот до големото финале, Вардар во четвртфиналната рунда ја елиминараше екипиата на Беласица. Првиот натпревар во Струмица, заврши без победник (2-2), додека на возвратниот дуел во Скопје, нашиот тим беше поуспешен со убедливи 3-0. Во полуфиналниот двомеч, „црвено-црните“ на обете беа подобри од тимот на Скопје, најпрвин како гости со 4-0, а потоа пласманот во финалето го потврдија и со минималниот домашен триумф од 1-0.
Завшниот натпревар, се одигра на 24 мај 1998 година, на Градскиот Стадион во нашата метропола. Вардар со головите на Сашко Крстев и Николче Здравевски во последните 15 минути од мечот, славеше слатка победа од 2-0, над лутиот градски ривал Слога Југомагнат.