Одбрана на шампионската круна во првата лига

Работите во македонското првенство, не претрпеа големи промени ниту во втората сезона од независноста на нашата татковина.

Вардар повторно успеа да се „прошета“ на патот кон одбраната на шампионската титула. Иако овој пат ги претрпе првите два порази во домашното првенство, нашиот клуб повторно беше недостижен за останатите конкуренит, финишарјќи прв со 51 бод на конечната табела.

Како двократен државен првак, Вардар доби прилика за прв пат да ја претставува Република Македонија, на меѓународната сцена. Во двомечот од рамките на прелиминарната рунда во Купот на УЕФА, македонскиот шампион беше елиминан од унгарскиот претставник Бекешчаба.

На првиот натпревар во Скопје, Вардар прими наивен гол во завршницата, ремизирајќи со 1-1, додена на реваншот претрпе минимален пораз, со уште еден погодок во нашата мрежа, по една безопасна акција на противникот.

вторник, 13 октомври 2015