Младински шампиони на Југославија

Вардаровите младинци стигнаа до пехарот пред преполниот Градски стадион и со поддршка од десетина илјади навивачи ги победија сплитски Хајдук (2-1), Раднички Белград (1-0) и Рудар Трбовле (2-1).
Гледачите биле импресионирани од легендарниот Тоде Георгиевски кој воодушевувал на голот, од креативноста на капитенот Миле Миланов, брзината и снаодливоста на Хари Миновски.
Во состав Георгиевски, Арсовски, Димовски, Дацевски, Христовски, Давидовски, Атанасовски, Стевчевски, Ивановски, Миланов и Миновски стигнаа до младинската титула, а голем дел од нив беа и дел од генерацијата која го освои првиот сениорски трофеј подоцна во Купот на Југославија.