Младински куп на СФРЈ, Панчев испиша историја

Нова млада вардарова генерација направи успех во Југославија, откако стигна до првиот трофеј во младинскиот Куп со троумфот со 3-2 против Војводина во финалето на стадионот на Ц. Звезда во Белград. На 24 мај 1984, Дарко Панчев со два гола (22. и 67. минута) и еден на Љупчо Марковски (25.), Вардар стигна до триумфот и до трофејот, како најава за следните години во кои црвено-црните прво ќе се изборат за место во Европа, а потоа ќе стигнат и до шампионската титула.

На мечот во Белград, Вардар играше во состав: Мутибариќ, Домазетов (Арсов), Стојановиќ, Марковски, Стојанов, Мишевски, Србовски (Сулејманов), Аврамовски, Панчев, Трајковски, Јовковски.

Интересно, младата екипа на Вардар за финалето ја засили легендата Панчев, кој шест дена по освојувањето на овој трофеј, влезе во светската историја. Со 19 голови за сениорскиот тим , со само 18 години и 266 денови стана најмладиот најдобар стрелец во еден шампионат. Првпат во својата кариера ја освои „златната копачка“ во Југославија и ги најави блескавите моменти. Панчев во таа сезона за Вардар им даде гол на сите гиганти, стрелаше еден хет-трик, четирипати погоди по два гола, а на вкупно 13 екипи им даде гол за да се промовира во најдобар стрелец.

 

вторник, 13 октомври 2015