Калјари падна за полуфинале во Митропа-купот

Едно од најдобрите изданија на меѓународна сцена Вардар го имаше во 1968 година и настапот во Митропа-купот, попознат како Централноевропски куп. Во таа година, Вардар успеа да стигне до полуфиналето и на патот до овој пласман да го мине италијански Калјари предводен од легендата Џиџи Рива, кој неколку месеци подоцна ќе ја одведе Италија до европска круна.

Во двата меча со тимот од Сардинија, Вардар двапати победи со по 1-0. Претходно, го победија и Ласк Линц (0-0, 2-1), а иако против себе имаа бомбардер во името на Рива, италијанската легенда против Вардар остана недокажан. Вардар во два меча ја сочува мрежата и закажа дуел со Спартак Трнава, од која загуби за пласман во финалето загуби прво со 1-4, а потоа ремизираше 2-2.

Првиот меч со Калјари, вардарци го играа во Скопје и победија со гол на Мето Спасовски. Играа Мутибариќ, Дробац, Рац, Георгиев, Мечкаров, Плачков, Илиевски, Мојсов (Дончиќ), Шулинчевски, Велковски и М. Спасовски. На вториот во реваншот, вардарци пак победија со минимални 1-0 со гол на Велковски. Играа Мутибариќ, Дробац, Рац, Георгиев, Мечкаров, Планчков, Илиевски, Мојсов, Ковачевски, Велковски и М. Спасовски.

вторник, 13 октомври 2015