Избега ново финале во Купот на Југославија

Четири години по првиот голем трофеј, Вардар имаше шанса за ново финале во југословенскиот куп. Но и во двата обиди, прво во 1965, а потоа и две години подоцна во 1967 година, патот на вардарци завршуваше во полуфиналето.

Во првиот обид во 1965 година, Сараево и Раднички Ниш стоеа на патот до полуфиналето. Сараево беше победен со 1-0, а Раднички со 2-0, по што вардарци се соочија со Будуќност во пресметката за место во финалето. За жал, полуфиналето го загубија со 0-2, а црногорците потоа загубија од Динамо Загреб во битката за трофејот со 1-2.

Две години, подоцна Вардар уште поболно испадна во полуфиналето. Преку ОФК Београд, кој беше победен со 2-1 и преку Црвена Звезда, која беше победена со 1-0, Вардар се сретна со сплитски Хајдук во битка за финалето. По ремито без голови, пресудија пеналите, а таму сплиќани беа поумешни и триумфираа со 4-2, за на крај да стигнат и до пехарот, откако во финалето славеа против Сараево со 2-1.

 

вторник, 13 октомври 2015