Европски првак падна во Скопје

Вторпат Вардар се соочи со актуелен европски првак, четири години претходно Порто во КЕШ двапати победи со 3-0, па во вториот одбид на Градски стадион падна еден европски фудбалски владетел. Ц. Звезда речиси со мали измени, но со Панчев и Најдоски во составот, беше шокиран од Вардарци. Погодокот за голема победа и огромна радост на 12-илјадната публика го постигна Бобан Бабунски од пенал за триумф со 1-0.
Неполни четири мечеци по скопскиот пораз, Ц. Звезда во Токио се круниса за светски фудбалски првак, па триумфот на Вардар го прави уште позначаен затоа што е остварен против еден доминантен тим, кој во истата сезона во КЕШ за малку не обезбеди и второ финале во најелтното натпреварување.
Вардар во последната сезона од првенството на Југославија го заврши на шестото место со 34 бодови, откако оствари 16 победи, шест ремија и 12 порази со гол-разлика 50-34.