Четврто полуфинале во Купот на СФРЈ

Вардар во Купот тргна со триумф против Влазними од Ѓаковица со 2-0 во шеснаестинафиналето, по што следеше осминафинална пресметка со сараевски Железничар и епските 6-0 за пласман во четвртфиналето, откако во Сараево, Вардар загуби со 0-3. Следеше дуелот со вториот сараевски клуб, Сараево. Во Скопје со победата од 2-0 беше отворен патот кон полуфиналето, а победа со 1-0 беше остварена и во реваншот за пласман меѓу најдобрите четири.
Во полуфиналето, Вардар се соочи со белградска Црвена Звезда на 16 март и загуби со минимални 1-0, но белграѓани на жал на бројната скопска публика не успеа да ја надомести минималната негатива, играјќи 1-1 во реваншот. По тоа, Ц. Звезда во финалето загуби од Борац Бања Лука со 0-1.