Златко Таневски

Дефанзивецот два пати беше дел од Вардар, и одигра 121 натпревар, многу од нив со капитенската лента во „црвено-црните“. 

Таневски потекнува од фудбалската школа на Вардар. Минувајќи ги сите категории на „црвено-црните“, поради големата конкуренција, сениорската кариера ја почнува во Цементарница. Од таму 2004 година доаѓа во Вардар, а во 2006 година заминува во Полска каде што играше за Лех Познањ и за Белхатов. Во 2012 година се враќа во таборот на најтрофејниот македонски клуб, и веднаш со екипата ја освојува првата шампионска круна истата година, а веќе следната сезона повторно доаѓа до шампионскиот пехар. Станува шампион со тимот и во 2015 и 2016 година, и вкупно четири пати го подигнал шампионскиот пехар. 

Таневски беше дел и од освојувањето на двата трофеи во Супер-Купот во 2013 и 2015 година. Својата кариера ја заврши во 2016 година, а во моментов работи со младите категории на Вардар. 

четврток, 10 мај 2018