Влатко Грозданоски

Влатко Грозданоски е еден од поновите легенди на Вардар. Ја заврши играчката кариера во нашиот тим во 2017 година, со 144 официјални настапи во „црвено-црниот“ дрес. 

Минувајќи низ младинските школи на Цементарница, Вардар го забележува неговиот талент и го носи во тимот во 2003 година, на 20-годишна возраст, како еден од најдобрите тогашни младински репрезентативци. Дебитира истата година кога Вардар го прави најголемиот успех до тогаш во Европа со пласманот во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Токму во дебитантската сезона во ЛШ, Грозданоски е еден од творците на „чудото во Москва“ кога постигна гол за Вардар во легендарниот триумф над ЦСКА. 

После една сезона играње во Вардар, заминува во странство, а во „црвено-црниот“ дрес се враќа во 2011 година. Повторно заминува во странство, за во 2013 година одново да дојде во Вардар. Во последните сезони го носеше бројот 87, во чест на навивачите „Комити“ кои се основани во 1987 година. 

Со Вардар освои четири шампионски титули, и стана еден од најтрофејните Вардарови фудбалери. Беше дел и од натпреварот во Супер-Купот 2015 година кога Вардар го освои овој трофеј по втор пат во својата историја. 

четврток, 10 мај 2018