После три години Вардар остана без шампионската титула

После три сезони „владеење“ со Првата лига и освојување на титулите, Вардар во 2018 година не успеа да ја одбрани шампионската круна. Првенството го заврши на второто место со освоени 56 бодови од вкупно 36 одиграни натпревари. 

Оваа година ќе биде запаметена и по подмладувањето на екипата. Многу играчи од младинската школа добија шанса да заиграат во првиот тим. Пред се тука се Серафимов, Бериша, Реџепи, Антовски, Адем, Талески... кои од младинската Академија, беа прекомандувани во првиот тим и добија шанса да играат во сениорската екипа.

После освојувањето на втората позиција, Вардар настапи во првото квалификациско коло од Лигата на Европа, каде што за противник ја доби ерменската екипа Пјуник. Првиот меч во Ереван заврши со победа на противничката екипа од 1:0, а на реваншот исто така Пјуник славеше со 2:0. За жал, „црвено-црните“ беа елиминирани уште во раната фаза од натпреварувањето во Европа и мораа да се свртат кон настапите во домашниот шампионат, односно да се обидат да ја вратат шампионската круна во своите витрини. 

понеделник, 30 јули 2018