Академија ФК Вардар

Фудбалската академија на ФК Вардар е еден од најсовремените спортски објекти наменет за работа со младите категори, кои се изградени не само на територијата на Република Македонија, туку и пошироко во регионот.
Како институција за развој на млади фудбалски таленти, работата на академијата е организирана според стандардите на познатите клубови од европската елита.

Тајните на фудбалската игра, под водство на своите тренери и останатите стручни лица, во неа ќе ги изучуваат повеќе од 400 момчиња, кои тренираат во подмладокот на најтрофејниот македонски клуб.

Со изградбата на овој капитален објект во Градскиот парк во Скопје, кој се протега на површина од 1152m², младите вардарови надежи на располагање ги добија следниве спортски и административни содржини: 

  • Фудбалско игралиште со вештачка трева, на површина 8700m² и димензии од 130 метри во должина и 65 во ширина. Теренот исто така е осветлен со рефлектори, што на нашите младинци ќе им овозможи по потреба да тренираат и во вечерните часови.
  • Четири соблекувални за фудбалерите и две за тренерите со површина од 50m², опремени со централна вентилација и подно греење.
  • Предавална за теоретска и спортска настава, со површина од 70m² и капацитет за 30 лица.
  • Канцеларии за администрацијата
  • Економат
  • Технички и помошни простории

Од славната вардарова школа низ историјата произлегле голем број на врвни и докажани фудбалери, а за тоа сведочат и бројните трофеи освоени во младинските конкуренции, како на македонската, така и на екс-југословенската сцена.

Сега, со новите услови за работа, Вардар ќе биде регионален лидер во создавањето на нови фудбалски „бисери“, кои во наредниот период со успех ќе го носат дресот на нашиот клуб и репрезентацијата на Македонија.

Водени од мислата дека децата се нашето најголемо богатство и дека токму на нив им припаѓа иднината, инвестирањето во нивниот фудбаслки развој и градењето на спортските навики, отсекогаш било и ќе остане наш врвен стратешки приоритет.